More

    ЗАПОЧНУВА ОХРИДСКИОТ ВИНСКИ ФЕСТИВАЛ – OHRID WINE FESTIVAL 2024

    spot_img

    Охрид е подготвен за  третото  издание на   Ohrid wine festival   што од 27-ми до 29-ти јуни ќе се одржува на кеј „Македонија“  пред хотел „Палас“.

    Градоначалникот Кирил Пецаков на денешната средба со новинарите истакна дека фестивалот  полека но сигурно зазема место  и ја разубавува  туристичката разгледница  на Охрид.

    – Овој фестивал како и Оhrid water festival, се одраз на нашите големи желби за поголема туристичка промоција на Охрид и  Охридското Езеро. Очекувам трите фестивалски ноќи да донесат гости и туристи од земјава и странство, а годинешното издание да биде успешно бидејќи музичките ѕвезеди  кои ќе настапат, тоа и го ветуваат. Во трите фестивалски ноќи ќе настапуваат  и стенд ап комичарите Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски- подвлече градоначалникот Пецаков.

    Пане Темов од организацискиот одбор на фестивалот се осврна на програмскиот дел.

     

    – Во четврток ќе настапат „Backdoor band“, Миле Кузманоски и групата „Куку леле“. Во петок „Urban Planet“, „NEXT TIME“, „BRASS BROTHERS“  . Саботната вечер е резервирана за „Балканико“,  групата „АРЕА“ и Влатко Лозановски – рече Темов.

    Фестивалот се одржува со поддршка на Општина Охрид, а во организација  на  CRAFT продукција.

     

     

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img