Започна судскиот процес во Штутгарт

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во регионалниот суд во Штутгарт денеска започна процесот против „Мерцедес-Бенц“ поради сомнение за свесно мамење на потрошувачите односно со манипулирање на податоци за количеството штетни материи во издувните гасови.

Федералната канцеларија за заштита на потрошувачи го обвини „Мерцедес-Бенц“ за свесна манипулација со дизел моторите со што извршено е кривично дело свесна измама на потрошувачи, кои во тој случај, имаат право на отштета.

Пред три години, автомобилската компанија од Штутгарт ги повика сопствениците на моделите „ГЛК“ и „ГЛЦ“ во работилниците, со цел да се поправи грешката со резултатите и погрешните вредности на штетни материи во издувните гасови. Раководството тврдеше дека се работи за случајна, а не за намерна грешка.

-Сметаме дека одредени барања за отштета како и тужба, се неосновани -изјави „Мерцедес-Бенц“ пред почетокот на процесот.

Досега, поради манипулации со мотор против автомобилската компанија се поднесени над 25.000 тужби во Германија. Но, како што информираше „Мерцедес-Бенц“, тужбите се одбиени во 95 отсто од случаите.

Во пресудите се заклучува дека во моторите се вградени уреди што манипулираат со податоци за издувни гасови, но, оти не може да се докаже намерата на „Мерцедес-Бенц“ да им се наштети на клиентите.

Share This Article