More

    Започна и веднаш се одложи судењето за јутјуберот Стефан Лазаров и Драган Павловиќ Латас

    spot_img

    Започна и веднаш се одложи судењето за јутјуберот Стефан Лазаров и Драган Павловиќ Латас за поткастот емитуван на Јутјуб во кој Латас раскажувајќи за своето прво сексуално искуство, опишувајќи на кој начин имал секс со девојка во фиќо. Судењето се одложи поради тоа што адвокатката на Латас беше истовремено на друго судење и не можеше да присуствува на денешното пво рочиште.На денешното прво рочиштеЛатас, гостувајќи во интервју како поткаст на Јутјуб каналот на Лазаров, објавено на 14 февруари, говореше за неговото сексуално искуство во тинејџерските денови со девојка, за што имаше бројни реакции дека промовира насилничко однесување. По низата реакции во јавноста, Основното јавно обвинителство оформи предмет.Двајцата се обвинети дека преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство кон жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

    Првиот обвинет, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на вториот обвинет, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување.

    Вториот обвинет, иако бил свесен за влијанието што го има содржината што ја емитува особено меѓу младата популација, сепак не го спречил или прекинал соговорникот, туку дополнително го наведувал со коментари и потпрашања да го прераскажува спорниот настан, се велеше во соопштението од Основното јавно обвинителство.Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки за претпазливост на новинарот Драган Павловиќ Латас и на јутуберот Стефан Лазаров . Привремено одземање на патната исправа и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал е мерката за Латас.

    На Лазаров му е определена мерка на претпазливост заради присуство и тоа – Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img