More

    Запленети се 4,4 милијарди долари, имоти и луксузна стока во Сингапур

    spot_img

    Сингапур од 2019 година заплени 6 милијарди сингапурски долари ( 4,4 милијарди американски долари) поврзани со криминал и перење пари, објавија денеска властите во таа држава.

    Спроведени се  повеќекратни рации минатата година во случајот за перење пари од 3 милијарди сингапурски долари, што резултираше со заплени на имоти, автомобили и луксузни стоки, како и апсење на неколку странци.

    – Како меѓународен финансиски и деловен центар, признаваме дека се соочуваме со поголеми ризици од перење пари и финансирање тероризам. Но, ние сме решени да го направиме она што е потребно за да одговориме на овие ризици и да ја заштитиме репутацијата на Сингапур како доверлив финансиски центар- рече премиерот Лоренс Вонг денеска на настанот организиран од Работната група за финансиска акција, глобална асоцијација за финансиски криминал.

    Во извештајот, објавен како дел од напорите на оваа земја од Југоисточна Азија да се запре протокот на криминални пари, се вели дека во голем број случаи во Сингапур се вклучени странски криминални синдикати кои користат софистицирани методи.

    „Од запленетите 6 милијарди сингапурски долари, околу 416 милиони се вратени на жртвите“, се вели во извештајот.

    Истрагите или судските постапки се во тек за најголемиот дел од преостанатите пари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img