Полицијата го уапсила Д.Т.(48) од Ужице и во изнајмената гаража пронашла околу 16.000 литри нафтени деривати, кои ги користел, за кои ги немал потребните дозволи, соопштија од Полициската управа во Ужице.
Тој е уапсен поради сомнение дека сторил кривично дело недозволена трговија со акцизна стока.
На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во Основното јавно обвинителство Ужице.