More

    Заплака на мисата за сопругот

    spot_img

    Пo низата откажувања поради здравствените проблеми, кралицата Елизабета Втора денеска се појави на своето прво поголемо јавно излегување по неколку месеци, на религиозната церемонија во чест на починатиот сопруг принцот Филип.

    Кралицата, која во април ќе го прослави 96-тиот роденден, се појави на свеченостите за принцот со кој беше во брак 73 години. Кралицата се појави во темно зелен костум со црни детали, а за време на церемонијата во Вестминстерската опатија пушти солза.

    Во средината на март, Елизабета го откажа учеството во последен момент на верската служба како дел од Годишниот ден на Комонвелтот, иако беше наведена во програмата. Таа на крајот беше претставена од принцот Чарлс. Елизабета продолжува со некои јавни обврски, но значително го намали распоредот откако во октомври беше хоспитализирана поради прегледот.

    Од почетокот на пандемијата, таа се повлече во замокот Виндзор, четириесетина километри од Лондон. Кралицата неодамна призна дека има проблеми со одењето, поради што се потпира на бастун. Според пишувањата на медиумите, приватно користи инвалидска количка, а во градините на Виндзор, количка за голф.

    Кралицата во февруари имаше ковид-19, но со поблаги симптоми. Принцот Филип почина во април минатата година, непосредно пред да наполни 100 години. Бидејќи почина во време кога во Британија, како и насекаде во светот, беа воведени строги мерки поради коронавирусот, погребот беше извршен во тесен круг.

    И покрај фактот што кралското семејство беше погодено од неколку скандали, Елизабета и понатаму е многу популарна во Британија. Во јуни е предвидена четиридневна церемонија за да го прослават нејзините 70 години на тронот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img