Запалил жена додека спиела и мирно гледал како гори

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Една жена која спиела во метро станица во Бруклин, Њујорк, починала откако била запалена, соопшти њујоршката полиција.

Полицијата соопшти дека осомничениот е имигрант од Гватемала кој влегол во САД во 2018 година.

Тој „смирено“ и пришол на жртвата која спиела во седечка положба и најверојатно ѝ ја запалил облеката со запалка, а огнот брзо се проширил.

Била повикана итна помош, но на местото на настанот била констатирана смрт на жената. За тоа време, осомничениот мирно седел на станицата, но неговиот чин бил снимен од камерите и бил препознаен од сведоци.

Засега нема повеќе информации за жртвата.

Њујоршкото метро во текот на зимските месеци често е рај за бездомниците кои бегаат од студот. Во Њујорк во моментов времето е студено, а ноќните температури се спуштаат до -10 степени.

Share This Article