Замрзнати се банкарските сметки на телевизијата „РТ Франс”, француската филијала на руската телевизија „Раша тудеј”, суспендирана во Европската унија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Замрзнати се банкарските сметки на телевизијата „РТ Франс”, француската филијала на руската телевизија „Раша тудеј” (Русија Денес), суспендирана во Европската унија, посочија денеска синдикатите на таа телевизија.

Француското Министерство за економија појасни дека имотот на телевизијата е замрзнат со примена на најновите европски санкции, а не на иницијатива на француската држава.

„Со таа мерка, речиси сто вработени и околу 50 новинари најверојатно ќе останат без работа”, се вели во соопштението на секциите на синдикатот „Форс Увие” и Унијата на новинари (SJN) од „РТ Франс” кои истакнаа дека сметките се замрзнати со владина одлука. Тие посочија дека во прашање е доведена француската демократија, кога еден медиум може да биде исклучен без расправа.

Извор од француското министерство за „Франс прес” изјави дека мерката е дел од последниот пакет европски санкции од декември минатата година. За разлика од првите санкции воведени по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, санкциите усвоени во декември предвидуваат „замрзнување на имотот” на засегнатите субјекти, додаде истиот извор.

Share This Article