Замјава е во процес на трансформирање на нејзиниот енергетски сектор во многу аспекти како што е инсталирањето на фотоволтаични централи и ветерни електрани

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Замјава  е во процес на трансформирање на нејзиниот енергетски сектор во многу аспекти како што е инсталирањето на фотоволтаични централи и ветерни електрани. Тоа е само почеток на трансформацијата со која дефинитивно ќе се промени енергетскиот микс на земјата. Процесот е скап и ќе предизвика ценовни и социјални шокови, но на располагање се европските енергетски фондови, кои имаат одвоено големи износи за таа намена.

Ова беше речено на денешниот Форумот за праведна транзиција што денеска се одржува во Скопје под мотото „Патот кон одржлива и праведна енергетска транзиција“.

Заменик директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Дирк Бушле вели дека таксите за декарбонизација мора да станат реалност и во нашата земја.

-Тоа е трошок за електраните кои работат на фосилни горива кои загадуваат и е сигнал да ги намалат емисиите на стакленички гасови што е важно за било која транзиција, а воедно ја поттикнува желбата за барање на алтернативни извори на енергија. За таа намена се воведува данок за јаглерод. Во Енергетската заедница веруваме дека има многу добри причини координирано да се воведе ваков данок во регионот. Цениме што Северна Македонија е лидер во таа насока – рече Бушле.

Форумот за гасна транзиција, додаде, е добро место да се дискутира за влијанијата на таквата цена не само зашто го прави производството на електрична енергија од фосилни горива поскапо.

-Можеби ќе предизвика социјални и ценовни ефекти, но ќе помогне  да се забрза транзицијата и инвестирањето во паметни проекти во обновливи извори на енергија што ќе придонесе Северна Македонија да ја спроведе енергетската транзиција на подобар начин – посочи Бушле.

Според него, праведната транзиција почнува од енергетските сектори, но допира до многу други сектори. Политичарите, треба да создадат визија каде ќе одат и колку брзо ќе одат, како и кои чекори ќе ги преземат кон трансформацијата како важна алатка за канализирање и привлекување на неопходните инвестиции кои треба да се применат за праведна енергетска транзиција.

Државниот секретар во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ рече дека декарбоницацијата е еден од столбовите на Националната стратегија за енергетски развој до 2040 година.

-Декарбоницзацијата во нашата земја има четири аспекти. Првиот е затворање на термоелектраните Осломеј и Битола и престанување на производството на електрична енергија од јаглен, вториот зголемување на уделот на обновливи извори на енергија, третиот намалување на зависноста од увоз на електрична енергија и четвртиот зачувување на шумите – рече Чекиќ Дуровиќ.

- Advertisement -
Ad image

Енергетската заедница е меѓународна организација што ја обединува Европската Унија и нејзините соседи за да креираат интегриран паневропски пазар за енергија. Става значителен акцент на борбата против климатските промени, позиционирајќи ја цврсто на врвот на својата политичка агенда. Посветеноста кон декарбонизација се материјализира преку поставување на амбициозни цели за клима и енергија за 2030 година како за Енергетската заедница, така и за нејзините договорни страни.

Share This Article