Претседателот на Синдикатот на косовските медицински сестри, Перпарим Бериша, изјави дека годинава се очекува повеќе од 1.000 медицински сестри од Косово да заминат во земјите на Европската унија.
„Во текот на оваа година, од јануари до сега, 220 медицински сестри ја напуштиле државата. Можам да кажам дека има повеќе од 1.000 од нив кои се очекува да го напуштат Косово оваа година. Според податоците, повеќе од 2.200 медицински сестри се на курсеви и имаат договори со германската држава“, изјави Бериша за приштинските медиуми и нагласи дека земјите како Америка, потоа Холандија и другите членки на ЕУ почнале да примаат медицински сестри.
Според него, од 220 медицински сестри кои годинава го напуштиле Косово, 40 отсто работеле во јавно-приватен сектор.