More

    Заменикот министер Нухиу најави кривични пријави за двајцата градоначалници

    spot_img

    Министерството за образование ја разгледува можноста кривично да го гони градоначалникот на општина Велес Марко Колев и градоначалникот на Гази Баба Бобан Стевсковски за дискриминација на учениците Албанци во нивните општини – изјави заменикот министер за образование Агим Нухиу во интервјуто за вестите на Алсат.

    Нухиу рече дека двајцата градоначалници го прекршуваат членот 137 од Кривичниот законик со тоа што им оневозможуваат на учениците да учат на мајчин јазик и ризикуваат казни од 6 месеци до 5 години затвор.

    – Ние мислиме дека треба да ги користиме и инструментите од кривично правен карактер, тоа е член 137 од Кривичниот законик, кој го санкционира прашањето за еднаквост и недискриминација. Било кој градоначалник, па и тој на Гази Баба, кога ќе се покрене кривична, кога ќе му ставаат лисици за кривично дело, казниво од 6 месеци до 5 години, кога ќе му ставате лисици на секој градоначалник кој дискриминира дури и едно дете Албанец, праќаме друга порака, дека институциите на системот работат и не само со политички битки и да играме цртан филм „Томи и Џери“ – изјави Агим Нухиу, заменик министер за образование.

    Учениците Албанци во Велес се жалат дека се дискриминирани бидејќи се спречени да се образуваат на мајчин јазик. 16 млади Албанци неколку дена протестираа пред гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес откако не успеаа да се запишат во оваа училиште, со истите критериуми кои според нив важеле за македонските ученици. Од вчера овој проблем е решен, но имаат и други поплаки, меѓу кои велат дека во паралелките на албански јазик само 2 до 4 предмети се изучуваат на албански, останатите на македонски.

    Во меѓувреме 13 деца од Идризова, општина Гази Баба, се жалат дека не можат да го посетуваат училиштето „Његош“ бидејќи оваа право им е ускратено од VI-IX одделение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img