Залутан куршум од ловџиска пушка заврши во раката на маж од Штип, кој работел во својата нива, во атарот на селото Долни Балван.
„А.М.(33) од селото Чардаклија, Штипско бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно од ловџиска пушка“, соопшти МВР.
Штипјанецот веднаш бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид.
Ќ.М.(54) од Сарај вчера пријавил дека пред вратата од неговиот дом пронашол паднато заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
Фото: Pixabay