Заладување со дожд и ветар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По невообичаено топлите денови за овој период од годината, од денеска доаѓа ново заладување до дожд и ветар. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи, информираат од УХМР.

Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час).

Минималната температура ќе изнесува од 3 до 10 степени, а максималната темепратура во текот на денот ќе биде од 6 до 17  степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец кој повремено ќе засилува. Температурата во главниот град ќе изнесува од 6 до 15 степени.

Share This Article