Во мај, португалската партија Шега (Чега) ќе биде домаќин на светскиот самит на лидерите на екстремно десничарските партии, на кој, меѓу другите, ќе присуствуваат и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и италијанскиот потпретседател Матео Салвини.
Претседателот на партијата Шега, Андре Вентура изјави дека Болсонаро и Салвини „веќе ја прифатиле поканата за големиот светски самит на десницата“ во Лисабон на 13 и 14 мај, пренесува Хина.
„Присуството на Болсонаро, Салвини и другите лидери на европската десница го прави Лисабон еден од најсилните нови центри на десницата во Европа и една од светските референци во борбата против социјализмот“, рече Вентура.