Дојави за бомби во повеќе објекти во Скопје утринава стигнаа на мејл адресите од испраќач потпишан како „Graham Klein“, меѓу кои и во Куќата на Претседателот – Вила Водно.Закани за експлозивни направи стигнале во станбените кули Џевахир, Управниот суд, станбената зграда Агора Флатирон, Градскиот Трговски Центар(ГТЦ), Трговскиот центар Бисер во Аеродром, Хотел Мариот (Плоштад на Скопје), хотел Александар Палас, Спортски Центар Борис Трајковски, Централната Железничка Станица Скопје, Зградата на Фудбалска Федерација на Македонија (ФФМ).Музејот на Град Скопје(МГС), Музј ММБ на адреса 11 март Скопје, Природонаучниот Музеј на Македонија на булеварот Илинденска, Археолошиот Музеј, Спомен Куќата на Мајка Тереза на улица Македонија.
Во моментов сè уште нема официјална потврда од МВР за случајот. Во Градскиот Трговски Центар е започната евакуација.