More

    Зајков чека можност да ја напушти Украина

    spot_img

    Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков кој настапува во првенството на Украина, соопшти дека во моментов се наоѓа на безбедно и дека се чека можност за напуштање на земјата.

    – Градот Полтава каде што се наоѓаме не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни. Од клубот има најава за странците кои сме тука да се организира превоз со минибус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот. Во градот моментално работат само маркети и многу мал број на ресторани. Доколку има некои нови информации ќе се обидам да пренесам – ја пренесува ФФМ изјавата на Зајков.

    Зајков е член на Ворсклва Полтава. Украина утрово беше нападната од Русија и во државата е прогласена воена состојба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img