„Зајачицата“ на Плејбој Карен Мекдугал имала десетмесечна афера со Трамп

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската актерка, модел и поранешна зајачица на Плејбој, Карен Мекдугал (52) тврди дека во 2006 година имала десетмесечна афера со поранешниот американски претседател Доналд Трамп (76). Таа сега се исповеда за Дејли Меил.

Претходно порнографската актерка и поранешна стриптизета Сторми Даниелс (44) објави дека имала интимна врска со Трамп и дека добила пари за да молчи за тоа.

Пред изборите во 2016 година, и Мекдугал добила хонорар од 150.000 долари за да ја задржи аферата со Трамп во тајност.

– Тоа ми одговараше бидејќи не сакав приказната да стане јавна – изјавила поранешната зајачица.

Таа потоа опиша каков бил Трамп во емотивната врска што ја имале.

– Бев вљубена во него, а и тој беше вљубен во мене. Знам, затоа што ми го кажуваше тоа цело време. Ќе ми кажеше „Ти си моја девојка и јас те сакам“. Ме запозна со своите пријатели. Неговите јавно ја негираа нашата врска, но тој никогаш не го стори тоа. Тој знае дека ја кажувам вистината – Мекдугал ги сподели деталите со британскиот таблоид.
Мекдугал и Трамп се сретнале во вилата на Плејбој во јуни 2006 година на забава покрај базен организирана од Хју Хефнер за натпреварувачите во реалното шоу на Трамп „The Celebrity Apprentice“.

– Ме следеше како кученце и се обидуваше да ми го привлече вниманието – раскажува Мекдугал за тоа како го шармирала тогаш 45-годишниот бизнисмен Трамп.

Трамп го замолил својот возач да побара број од зајчицата, а неколку дена подоцна ја повикал на вечера во неговиот бунгалов во хотелот Беверли Хилс, а потоа ја имале првата заедничка интимна ноќ.

Во тој момент Трамп повеќе од една година беше во брак со сегашната сопруга Меланија Трамп (53), со која го доби синот Барон, кој имаше само неколку месеци кога ја започнал аферата со Мекдугал.

- Advertisement -
Ad image

Трамп ѝ понудил пари за поминатата заедничка ноќ, на што таа му одговорила дека „не е таков тип на девојка“.

– Знаеше дека згреши бидејќи виде колку сум вознемирена. Ми рече дека сум посебна. Знаев дека е оженет, но не ми падна на памет во тоа време. Тогаш бев поинаква девојка, се забавував и не размислував премногу за работите – признава Мекдугал и вели дека сега се срами од таа афера.

Мекдугал вели дека го напуштила Трамп поради нејзината романса со ѕвездата на „Умри машки“ Брус Вилис.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article