Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, сугерира, пред ЕУ да ја зајакне својата армија, добро да размисли каков енергенс ќе користи таа армија, имајќи предвид дека во секој момент може да лета некаква уцена од Вашингтон.
– Исто така, треба да размислат какво гориво ќе користи армијата за возила и авиони. Затоа што подоцна може да се случи, американскиот претседател да слета во Брисел и да каже дека ќе ги зголеми цените на горивото, ако армијата на ЕУ не ги нападне оние на кои им укажува Вашингтон – додава Захарова.
– Инаку, зошто тогаш секоја земја на НАТО (читај ЕУ) треба да инвестира во „заедничката благајна“, која во суштина му припаѓа на Вашингтон, такви суми пари, кои, како што се тврди, одат за обезбедување безбедност – праша таа.
На овој начин Захарова реагираше на зборовите на италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани, кој порача дека Европската унија мора да формира свои вооружени сили кои би можеле да играат улога во одржувањето на мирот и спречувањето на конфликти.