Западот ја уценувал Србија дека што и да направи, не смее да соработува со Русија, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова
– Како и досега во Украина, Западот ѝ постави услов на Србија, наместо хармоничен развој во согласност со националните интереси на српскиот народ, да направи тежок избор – или со Запад или со Русија. Но, сега тој избор е формулиран сосема поинаку, така што Србија може да го избере само Запад – рече Захарова.
Според неа, нивните последни барања главно звучат како ултиматум, „што и да прави Србија, единствено не смее да соработува со Русија“.
Таа додаде дека Украина некогаш била вовлечена во истата рамка, а сите предупредувања од Русија биле игнорирани. Исто така, рече дека Србија во текот на својата историја не дозволила вакво сценарио на своја територија.
– Србија избра да се води од своите национални интереси. Не се согласи да ги исполни условите на Западот – рече Захарова.