Загрижувачки резултати од анкета во кумановските училишта

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Голем пораст на врсничкото насилство во основните училишта во Куманово покажа анкетата меѓу учениците, која на крајот на минатата година ја спроведе Општинскиот советот за превенција од детско претстапништво во Куманово. Од вкупно 840 анкетирани ученици дури 318 пријавиле дека биле изложени на врсничко насилство или тнр. булинг.

Анкетирање е направено во сите основни училишта и опфатени се учениците од 6. до 9. одделение.

– Констатиравме дека врсничкото насилство е во голем пораст. Секторот за образование веднаш даде насоки за преземање на активни мерки од страна на стручни служби во училиштата. Но, ние како совет имаме насоки каде треба повеќе да обрнеме внимание и да организираме работилници и предавања во конкретни училишта – истакна Лилa Младеновска, претседателка на Советот за превенција од детско престапништво во Куманово.

Таа ги повика родителите активно да се вклучат во превенцијата затоа што постои огромна потреба од нивно ангажирање. Младеновска се пожали дека во училиштето „Крсте Мисирков“ од поканети 207 родители на деца од 7 и 8 одделение дојдоа само 10, што покажува колку малку родителите се свесни за тоа што се случува во и околу училиштата.

– Повеќе пријави за булинг има во поголемите, градските училишта, и секако дека состојбата е загрижувачка. Но, она што не е прецизирано во анкетата е дали се работи за насилство во училиштата или надвор од нив, односно дали станува збор за сајбер напад. Ние во наредниот период заедно со советот ќе направиме такво истражување да видиме дали булингот се случува во нашите објекти или на интернет групите во кои членуваат децата, а ние таму веќе немаме надлежност да постапуваме и да контролираме – рече раководителот на Секторот за образование во Општина Куманово Александар Јовановиќ.

Дел од советниците сметаат дека ваквото однесување треба да се уреди со закон и да се санкционираат родителите на децата за извршен булинг. Треба построги казни за родителите, затоа што врсничкото насилство е резултат на лошо или несоодветно воспитување, нагласија советниците.

Share This Article