More

    Загинаа тројца членови на американската група The Nelons: Фановите се уништени

    spot_img

    Голема трагедија се случи во Америка, тројца членови на популарната госпел група The Nelons загинаа во авионска несреќа.

    Тројца членови на познатата американска госпел група Нелонс загинаа во авионска несреќа, јавува Би-Би-Си.

    Станува збор за Џејсон и Кели Нелон Кларк и нивната ќерка Амбер Нелон Кистлер.

    Авионот се урна во петокот над Вајоминг на пат кон настап, при што загинаа уште четворица.

    Според раководството на групата, убиени се и сопругот на Амбер, Нејтан Кистлер, семејниот асистент, пилотот Лери Хејни и неговата сопруга.

    Есен Нелон Стритмен, која исто така настапува во групата номинирана за Греми, но не била во авионот, на Инстаграм ја потврди смртта на нејзините родители и сестра. Таа им се заблагодари на фановите за нивните молитви, љубов и поддршка во часовите по несреќата.

    Во коментарите подолу нивните фанови се скршени и изразуваат сочувство.

    Рекс Нелон, татко на Кели Нелон Кларк, ја основал групата во 1970-тите. Тие беа номинирани за три награди Греми и беа примени во Куќата на славните на Госпел Музичката асоцијација во 2016 година.

    Најголемите хитови на групата ги вклучуваат I Shall Not Be Moved, Come Morning и We Shall Wear a Robe and Crown.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img