Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми.
Во верижен судир учествувале 7 возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија. Причината за несреќата се уште не е утврдена. Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла, а видливоста е слаба.
Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми изјави дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, од кои 7 се во тешка состојба.