Загина 21-годишна француска пејачка и тиктокерка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Француската пејачка и „тиктокерка“ Анаис Робин (21) загина во тешка сообраќајна несреќа во саботата на 23 март.

Нејзината издавачка куќа „Габс и Џеј-Оу“ на Инстаграм ја објави тажната вест.

Според извештаите од медиумите, пејачката со нејзиното возило излетала од патот и удрила во дрво. Таа починала на местото на несреќата, на автопатот М-491, во близина на Лил во Франција.

И семејството на починатата се збогувало со објава.

„Сите кои ја имаа привилегијата да ја познаваат, ја сакаа и ја ценеа. Почивај во мир, Анаис. Засекогаш ќе останеш во нашите срца“, гласи објавата.

Многу обожаватели напишале коментар под таа објава.

„Мое најдлабоко сочувство. Нека почива во мир. Нема да ја заборавам твојата животна радост, моја убавице“, напишал еден обожавател.

„Не ми се верува, те молам кажи ми дека е лага“, „Таа беше само дете. Ова се страшни вести“, се само дел од многуте коментари на ожалостените обожаватели.

- Advertisement -
Ad image

Анаис Робин имаше повеќе од 500.000 следбеници на Тик-Ток. Повеќе од 160.000 обожаватели ги следеа нејзините објави на Инстаграм. Минатото лето, таа ја објави песната „Un Autre“ („Уште еден“) на нејзиниот Јутјуб канал (со речиси 80.000 следбеници). Поп песната веќе има повеќе од 2,2 милиона прегледи на видеото.

Таа честопати ја делеше сцената со нејзиниот брат близнак Елиот.

Share This Article