Во Полициско одделение Маврово, вчера околу 18 часот, 55-годишната Д.Ѓ. пријавила дека нејзиниот малолетен син починал.
„Според пријавата, малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови“, информираат од СВР Тетово.
Неофицијално, се работи за 14-годишно момче.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.