Дали поранешниот македонски премиер по грешка ја употреби придавката „македонски“? На Меѓународната конференција за мир во Атина тој зборуваше за трите меморандуми кои треба Грција да ги ратификува, а кога кажа „македонски“ веднаш беше поправен од соговорничката:
– Северна Македонија – рече таа, како да е зачудена од речникот на Заев.
Заев претходно рече дека Грција преку меморандумите ја прифатила честа да го штити македонскиот воздушен простор.
Настанот организиран од фондацијата Заев и Институтот Ципрас започна вчера и трае денес. Тој е организиран по повод 6 години од потпишувањето на Преспанскиот договор. Присуствува и Метју Нимиц, долгогодишниот медијатор за спорот Македонија-Грција кој од екс-грчкиот премиер Алексис Ципрас ја доби наградата за мир „Преспа“.