More

    ЗАЕДНО ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ: НОВА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ГРУПА ЗА КРЕИРАЊЕ РОДОВО И СОЦИЈАЛНО ИНКЛУЗИВНИ ПОЛИТИКИ

    spot_img

    Со цел унапредување на родовата еднаквост и социјалната инклузија во Република Северна Македонија, денеска во Скопје, се одржи првата координативна средба на новоформираната Институционална група за креирање политики поврзани со родова еднаквост и социјална инклузија (РЕСИ).
    Средбата беше организирана во рамките на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово инклузивни политики“, спроведен од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Британска амбасада Скопје. Новата група во која членови се претставници на повеќе релевантни институции има за цел да ги обедини креаторите на политики во областите на здравство, образование и социјална заштита во тестирање на РЕСИ алатки кои ќе бидат пилотирани во рамки на процесот за проценка на влијанието на регулативата (ПВР).
    Институционалната група е составена од претставници на клучни институции како Министерството за здравство, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование, Министерството за јавна администрација, Генералниот Секретаријат на Владата на РСМ и Собранието на РСМ. Групата започна да работи на преглед и развивање на РЕСИ алатки кои ќе можат да се применат при креирање на нови родово инклузивни политики и мерки, кои перспективно би се вградиле во процесот за проценка на влијанието на регулативите (ПВР) и како такви значајни и за креирање на нови закони и законски решенија во наведените области.
    Програмската директорка на ХЕРА, Елизабета Божиноска, истакна: „Преку оваа иницијатива очекуваме да се креираат родовно инклузивни политики кои значајно ќе придонесат да се намалат разликите меѓу луѓето и обезбедат еднакви права, можности, ресурси и почитување на сите поединци без оглед на нивниот социјален статус.“
    Проектот „Заедно за родова еднаквост“ е насочен кон создавање широка мрежа на соработка која ќе овозможи усвојување и примена на политики кои ќе ја унапредат родова еднаквост и социјална инклузија во различни сектори од јавниот живот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img