Задоцнет патник на траект во Атина турнат во смрт

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Четворица членови на екипажот на грчки траект се уапсени поради смртта на 36-годишен маж, за кој првично имаше информации дека го загубил животот откако паднал во морето во обид да се качи на траектот во движење на атинското пристаниште Пиреа, меѓутоа, по објавеното видео од „Прото тема“ беше обелоденето дека не станува збор за несреќен случај, туку мажот бил турнат во морето, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа во Грција имаше информација, потврдена и од крајбрежната служба, дека маж го загубил животот по пад во морето додека траектот од Атина за Крит отпловувал од пристаништето.

Првичните информации беа дека, сега веќе загинатиот, задоцнето стигнал на бродот и паднал во обид да го стигне, но неколку часа подоцна, онлајн изданието на весникот „Прото тема“ објави видео на кое се гледа дека мажот трча на траектот успева да се качи, но е спречен од двајца членови од екипажот, а едниот од нив го турка од бродот и тој паѓа во морето.

Без да му се пружи никаква помош на 36-годишниот, траектот отпловува, а мажот подоцна бил извлечен мртов.

Кусо подоцна, по наредба од обвинител, траектот се вратил во Атина за да дадат исказ патниците и членовите на екипажот, а по објавеното видео беа уапсени четири лица, меѓу кои и капетанот и неофицијално се товарат за убиство.

Според грчките медиуми, патникот имал изведено билет за конкретното патување.

Министерот за поморство на Грција, Милитиадис Варвициотис преку социјалните мрежи изрази жалење за трагичниот инцидент и истакна дека се преземаат сите неопходни активности за расветлување на случајот и утврдување одговорност.

Share This Article