Зад про-палестинските протести во САД стои еден заљубен пар

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Невил Рој Сингам и неговата сопруга Џоди Еванс, милионери кои по убедување се левичари марксисти се луѓето кои стојат зад про-палестинските протести во САД, каде десетици илјади луѓе скандираа, пишува „ЊујоркПост“. Весникот смета дека парите кои ги дава овој пар се клучни во организирањето на протестите.

Тие водат таканаречен „Народен форум“ во Менхетен, во центарот на Њујорк. Оваа невладина организација се нарекува себеси „инкубатор за движење за работничката класа и маргинализираните заедници за градење единство низ историските линии на поделба дома и во странство“.

За да се објасни посликовито, Сингам и сопругата Џоди од 2017 до 2022 година преку ова здружение донирале 20,4 милиони американски долари за своите марксистички цели.

Парот се збогатил преку својата софтверска консултантска компанија. Ја основале компанијата во 1993 година, а ја продале во 2017 година за 785 милиони долари.

– Одлучив дека на моја возраст имам екстремна привилегија, најдоброто нешто што можам да го направам е да дадам поголем дел од моите пари дур сим жива – рече Невил Рој Сингам, кој сега има 69 години откако ја продаде својата компанија во 2017 година, според Њујорк Тајмс.

Но, Сингам е повеќе од обичен марксист со длабоки џебови. Тој исто така е симпатизер на Кина кој живее во Шангај и има блиски врски со најмалку четири пропагандни сајтови кои го зајакнуваат имиџот на кинеската комунистичка партија во странство, објави Њујорк Тајмс.

Овие кинески сајтови имаат интерес да се сее раздор во САД.

Сопругата на Сингам имала мајка Кубанка, а татко од Шри Ланка. Таа фактички пораснала „натопена“ во екстремно левичарската политика. Уште на 167 години се приклучила кон „Лигата на револуционерните црни работници“. Дури, во 1974 година била под истрага на ФБИ поради „непријателски активности кон САД“.

По студиите на политички науки, таа ја отвора софтверската компанија со сопругот која ќе ги направи милионери. Оттогаш истураат огромни пари низ разни држави во светот.

- Advertisement -
Ad image

Следниот протест организиран од „Народниот форум“, наречен „Затвори ја за Палестина“, се одржува денеска на најмалку 18 локации низ светот, вклучувајќи ги Копенхаген, Њујорк, Ајдахо и Ајова.

Share This Article