More

    Забрзано се гради првото шеталиште во Штип, на него ќе се одржи „Пастрмалијадата“

    spot_img

    Забрзано се гради шеталиштето на улицата Ванчо Прќе, позната и како „едносмерната улица во Штип“.

    Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска изјави дека новото и прво шеталиште во градот Штип се уредува и се поплочува, а претходно екипите на ЈП „Исар“ работеа на промена на водоводната и канализациона мрежа. Изградбата на шеталиштето во централното градско подрачје е забрзана бидејќи на 20 и на 21 септември се планира одржување на манифестацијата „Пастрмалијада“ на оваа локација.

    – Се надевам дека во најбрз можен рок ќе биде пуштена во употреба со соодветната планирана содржина, урбана опрема, целосно осветлување и со можност истата да биде користена за одржување на настани во иднина. Некаде околу 200.000 евра се издвоени за оваа улица – изјави Јорданов.

    Јорданов денеска најави дека по завршување на првата фаза, предвидена е и втора фаза, со која ќе се обноват и фасадите на зградите.

    Инаку, на манифестацијата „Пастрмалијада“ предвидено е на новото шеталиште да се постават унифицирани куќарки, во кои угостителите ќе можат да го продаваат познатиот штипски кулинарски бренд. Цената на пастрмалиите ќе изнесува 200 денари, а во една пастрмалија треба да има 200 грама месо и 250 грама тесто. Угостителите нема да плаќаат закуп за куќарките, туку, како што вели Јорданов, и организаторите треба да им понудат квалитет на гостите, за да се вратат повторно наредната година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img