Од денеска од 7.00 часот е воведeна забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато, соопшти АМСМ.
Вакви возила, додаваат оттаму не можат да се движат и на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Од 6.00 часот, укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Маврово-Дебар и обратно.
Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.