More

    Забрана за оттуѓување на апартмани, акции и деловен простор

    spot_img

    Во рамки на истражната постапка во предметот „Империја“, во текот на вчерашниот и денешниот ден до Основниот кривичен суд Скопје доставени се шест барања за определување на привремена мерка забрана за оттуѓување и располагање со недвижен имот.

    Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, барањата се поднесени поради постоење на основано сомневање дека имотот потекнува од кривично дело и дека до крајот на кривичната постапка ќе биде особено отежнато или оневозможено неговото одземање.

    Од прибраниот доказен материјал, како што се наведува во соопштението, произлегува дека предложениот имот е пренесен на трети лица за да се прикрие неговиот вистински сопственик.

    „На предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е определена мерка забрана за оттуѓување и располагање со удел на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје што го поседува во правното лице Хотел Гранд М ДООЕЛ Скопје, удел на физичко лице од 67,5 отсто што го поседува во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје, удел – основачки влог од 32,5 отсто што го поседува правното лице – Друштвото за градежништво, трговија и услуги БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во правното лице Друштво за производство, трговија и услуги ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје“, стои во соопштението.

    Како што информира Јавното обвинителство, определена е мерка забрана за оттуѓување и располагање со недвижен имот и на Друштвото за трговија и услуги БИЗНИС ПРОПЕРТИ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје во вредност од 58.282.500,00 денари согласно книговодствената вредност и тоа апартмани со вкупна површина од 720 м2 и гаражи со вкупна површина од 92 м2. Се запленуваат и 7213 акции што Друштвото за производство, трговија и услуги ЕКСИКО ДООЕЛ Скопје ги поседува во Стопанска Банка А.Д. Битола по номинална вредност од 3.000,00 денари по акција или во вкупна вредност од 21.639.000,00 денари, како и деловен простор во градба лоциран на плоштадот „Македонија“ на Друштвото за производство, трговија и услуги СИС ИНВЕСТ ГРУП ДООЕЛ Скопје со површина од 566,41 м2 и во вредност од 1.699.241 евра.

    „Судијата на претходна постапка ги прифати барањата и со решение определи привремени мерки со кои се забранува располагање, заложување и оттуѓување на имотот по каков било правен основ. Привремените мерки согласно закон може да траат најдолго до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд или да бидат укинати по службена должност. Привремените мерки стапија во сила веднаш и заплената на имотот е прибележана во Централниот регистар на РС Македонија и Агенцијата за катастар на недвижности – Центар за катастар на недвижности Скопје. Запленувањето не е конечно“, се наведува во соопштението.

    Случајот „Империја“ се води против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие се гонат поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img