More

    Забележан километарски конвој по украинскиот напад на Кримскиот мост

    spot_img

    Руските медиуми објавија видео од сообраќаен метеж од Крим во правец на привремено окупиран од Мелитопол. Конвојот наводно  е долг над 5 километри. Русите бегаат од Крим откако украинските сили  го бомбардираа Кримскиот мост, клучната врска што го поврзува окупираниот полуостров со Русија.

    Кримскиот мост беше нападнат рано утрово. Русија тврди дека украинските специјални сили и морнарицата користеле дрон што дејствувал на површината на Црното Море за да го нападнат мостот. Украинскиот министер за дигитална трансформација, Михаило Федоров, изјави дека мостот бил погоден од поморски дронови.

    Претходно, во официјалното соопштение, Киев навести дека е одговорен за нападот – додека украински безбедносни извори изјавија за Би-Би-Си дека Украина го наредила нападот.

     

    Мостот е стратешки важен бидејќи ја поврзува руската област Краснодар со полуостровот Крим, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

    Тој има големо симболично значење и за Русија, која го изгради овој најдолг мост во Европа по цена од околу 3,7 милијарди долари. Тоа беше фактички израз на целта на рускиот претседател Владимир Путин да ја преземе Украина и да ја врзе засекогаш со Русија. На денот на отворањето на Кримскиот мост, Путин го предводеше победничкиот конвој преку мостот.

    Во октомври, мостот беше делумно уништен кога цистерна со гориво експлодираше и оштети голем дел од патот. Кремљ побрза да го обвини Киев, а Путин тврди дека тоа е чин на „саботажа“ од украинските безбедносни служби. Москва брзо го поправи мостот по таа експлозија.

    Мостот е клучна артерија за снабдување на Крим со дневни потреби и залихи за војската, како и гориво и стоки за цивилите. Руските воени конвои редовно го користеа мостот за транспорт на возила, оклопна опрема и гориво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img