Забележан е прогрес во 81% од поглавјата, а назадување нема, посочува СДСМ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ДПМНЕ, Мицкоски и Левица се кочничари на европскиот пат – оценува СДСМ во соопштение.

„Ова го потврди извештајот на Европската комисија, во кој клучен проблем и забелешки се тоа што Собранието е блокирано од страна на опозицијата.

Извештајот укажува на потребата да се донесат уставните измени и реформите за ЕУ кои ги блокираат токму Мицкоски и ДПМНЕ.

Блокадата на ДПМНЕ е и за поглавјата кои се однесуваат на борбата против корупцијата, што значи ДПМНЕ беше и останува против правдата.

ЕК јасно посочува дека Македонија има прогрес во 81 отсто од поглавјата а нема назадување во ниту едно поглавје, додека 90 отсто од поглавјата се на соодветно ниво на подготвеност“ – се вели во реакцијата на СДСМ.

Share This Article