Забава на пар во Мексико се претвори во хорор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пилот на мало авионче загина уривајќи се на приватна забава во Мексико на која надлетувајќи требало да фрли розева боја со што ќе биде откриен полот на бебето на еден пар – девојче. Чекајќи пред знакот на кој пишуваше „О, бебе“ за да видат дали авиончето ќе фрли сина или розева боја возбудените гости и родителите држејќи се за раце во местото Синалоа доживеаја страшна сцена, пишува Марса.

Накратко по уривањето на авиончето, пилотот, 32-годишниот Луис Н. бил однесен во болница каде починал. На снимката се гледа како леталото ја губи контролата и се превртува во воздухот.

„Зошто во последно време луѓето се склони да го откриваат полот на детето на толку екстремни начини? Зошто едноставно не можат да се задоволат со нешто едноставно“, праша еден корисник на социјалната мрежа каде што е објавено видеото од несреќата.

„Што е поентата на ова? Гледам толку многу несреќи и инциденти на овие церемонии за откривање на полот на бебето“, додаде друг.

Во 2021 година, на слична церемонија за откривање на полот на идно дете во Калифорнија, беше предизвикан пожар во кој изгореа повеќе од 7.000 хектари шума.

Во еден друг таков случај загинал и таткото на бебе, а неговиот брат бил тешко повреден кога на гостите им експлодирала направа која требало да го објави полот на бебето.

Share This Article