More

    За ВМРО-ДПМНЕ предлогот да се бира претседател во Собранието е уцена

    spot_img

    Очекувано од ДУИ во недостаток на реални аргументи, реални проекти и она што се суштински проблеми на граѓаните кои што како власт во изминатите 20 години не успеале да ги решат, да излегуваат со вакви национал романтистички барања, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски запрашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на барањето на ДУИ претседател на државата да се бира во Собрание.

    – Она што е наш став е дека, ВМРО-ДПМНЕ под уцени ниту разговара, ниту преговара, а најмалку пак прифаќа уцени. Ние само ќе ги повикаме граѓаните да го следат ова однесување на ДУИ и да биде тоа дополнителен мотив за сите граѓани на наредните избори да докажат дека оваа држава не е заложник на една политичка партија и дека ДУИ, како што се однесува изминативе 20 години, очигледно ќе продолжи да се однесува и во наредните години – рече Петрушевски.
    Затоа, според Петрушевски, време е конечно ДУИ да отиде во опозиција и тоа ќе биде со помош на сите граѓани во Република Македонија.

    На прашањето дали со условите на ДУИ е доведен во прашање цензусот за изборите тој рече дека граѓаните ќе бидат мотивирани да кажат доста на ваквото однесување на ДУИ.

    – Ние веруваме дека ваквото однесување на ДУИ дополнително ќе ги мотивира сите граѓани да кажат „доста е“ на наредните избори и дека оваа држава не е заложник на ДУИ – рече Петрушевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img