За утре на пладне е закажана седницата на Собранието на која ќе биде инаугурирана новата претседателка на државата, Гордана Сиљановска Давкова.
Се очекува таа во салата „Македонија“ да даде свечена изјава по што ќе почне да тече нејзиниот мандат како претседател.
Денеска, претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски ѝ го врачи на Сиљановска Давкова Уверението за претседател.
Мандатот на актуелниот претседател Стево Пендаровски истекува утре.