Соопштение на СДСМ:
„Европската народна партија (ЕПП) на Конгресот усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ, но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија.
Клучен дел од Резолуцијата е тврдењето дека не сме ги почнале преговорите со ЕУ затоа што „не беа постигнати опипливи резултати во однос на спроведувањето на билатералните договори со Бугарија.
Ова е директна поткрепа на ставовите на Бугарија.
Лажниот патриот Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори зошто е тоа така. Дали и самиот Мицкоски гласаше за оваа резолуција?
На овој начин Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија“.
На ова соопштение ВМРО-ДПМНЕ возврати со коминике во кое тврди дека СДСМ, во немоќ и очај, се обидува да спинува документи на ЕПП, со цел да ги прикрие неуспесите на нивната дипломатија поради која македонските евроинтеграции се во ќор сокак. Во партиско соопштение се вели:
„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше јасно кажан и на Конгресот на ЕПП, дека Македонија заслужува итно отпочнување на преговорите и дека не треба да се задираат идентитетски прашања.
СДСМ поради кусогледост и болна амбициозност на нејзината врхушка им удоволи на оние кои го негираат македонскиот идентитет. Наместо за европски и демократски вредности, СДСМ ги стави во договорната рамка историските и идентитетските прашања, кои сега се камен околу вратот на државата.
ВМРО-ДПМНЕ, како и граѓаните во Македонија, јасно се противи и ќе се противи на секој ваквите анахрони, недемократски и неевропски да бидат услов на македонската интеграција во ЕУ“.