Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 03.06 до 05.06.2022) се регистрирани 135 новозаболени лица со коронавирус, како оздравени се водат 164 пациенти, нема починати лица со дијагноза ковид-19.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 2.257 тестови, при што се регистрирани 135 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 93, Битола и Кавадарци – по 8, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Неготино – по 2, Тетово, Кичево, Свети Николе, Дебар, Виница и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 164 оздравени пациенти од Скопје – 121, Битола – 19, Штип – 4, Прилеп – 3, Кавадарци, Куманово, Неготино, Кичево и Свети Николе – по 2, Велес, Тетово, Кочани, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 3 дена (од 03 до 05.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 2.257 тестови преку: ИЈЗ-288, ЦЈЗ Скопје-56, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово-11, ЦЈЗ Куманово-25, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–93, Жан Митрев (Филип Втори)-58, Авицена-45, Биотек-87, Систина-54, лабораторија Лаор-31, Синлаб-18, Ремедика-11, Плодност-12, Генеа-16, Никоб Лаб-141, ВФВ Медикал-26, Ели МедикаПлус-35, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–12, Жан Митрев Струмица–4, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.128.
Досега во земјата се направени вкупно 2.060.554 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.292, бројот на оздравени пациенти е 302.508, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 475.