More

    За шест месеци се издадени лиценци за инсталирана моќ од 179 MW

    spot_img

    Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од  обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 MW – покажуваат податоците на  Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

    – Пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира. Помалите трошоци за струја несомнено е директниот бенефит што го имаат компаниите, ако анализираме на микро ниво. Но ако се гледа големата слика, токму поради овој отворен инвестициски циклус на приватната иницијатива во обновливи извори, попознат во јавноста како Елдорадо, државата забележа историски намален нето увоз на струја од традиционалните 30% на 2,75% во 2023 година – изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

    Според податоците на РКЕ, за  две години и седум месеци во земјава се изградени и приклучени на мрежа капацитети што произведуваат струја од сонце со вкупна инсталирана моќност од  околу 731 MW.

    Инаку во 2023 година РКЕ издаде лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од  скоро 399 MW, додека во 2022 година се издадени 152,2 MW.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img