More

    За само 99 долари, вашето куче може да мириса на сандалово дрво

    spot_img

    Модната куќа „Долче и Габана“ презентираше нов парфем за кучиња без алкохол наречен „Фефе“ (Fefé) во чест на пудлицата на Доменико Долче.

    Парфемот чини 99 евра и е потврдено дека е погоден за животинска употреба бидејќи го следи италијанскиот протокол „Безбедна козметика за домашни миленици“, дизајниран да обезбеди степен на безбедност на козметичките производи за животни споредлив со оној што е потребен за луѓето.

    100% од сопствениците на кучиња кои ги консултирала компанијата се согласуваат дека мирисот е нежен и добро прифатен од нивните миленици, а ветеринарите го одобруваат производот, според официјалната веб-страница посветена на „Fefé“.

    Сепак, не сите ветеринари се согласуваат за употребата на парфеми за кучиња бидејќи тие може да го попречат нивното сетило за мирис и да ги прикријат лошите мириси кои можат да бидат симптом на болести.

    Според веб-страницата Фрагрантика, парфемот има ноти на мошуз и на сандалово дрво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img