Општинските претпријатија низ Хрватска мака мачат со погреби, некои организираа само утрински погреби поради недостиг од работници, а сега ги повикуваат и пензионерите на работа, велат од N1 Загреб. Општинските претпријатија низ Хрватска одржуваат отворени тендери. Иако во нив за да се избегне полова дискриминација пишува дека бараат гробари – жени не се вработени. Понудените плати се движат од 663 евра до 1.061 евро.
„Работно место Раковец во Загребската жупанија. Може да аплицираат и редовен, постојан работен однос и пензионери. Не треба ни основно да имаш завршено, пониски одделенија се доволни, искуство не е услов. Опис на работата: одржување на гробишта, погребување на починати лица и уредување на јавни површини. Рокот за пријавување е 10 март“ – овој конкурс го објави „Домус“ од Раковац, компанија која бара гробар.
Таа професија стана една од најбараните на пазарот на трудот, наведува Вечерњи лист, а пренесува N1 Загреб. Поради недостиг на работници, комуналното претпријатие „Луком“ од Лудбрек морало да го ограничи бројот на дневни погреби на три бидејќи има само осум гробари кои покриваат дванаесет гробишта.
Општинските претпријатија низ Хрватска одржуваат отворени тендери. Иако во нив за да се избегне полова дискриминација пишува дека се бараат гробари, жените не се вработуваат.
Понудените плати се движат од 663 евра до 1.061 евро. Некои нудат и топол оброк, годишен бонус, божиќен бонус, плата за одмор.
Во Хрватска годишно се организираат меѓу 50.000 и 60.000 погреби. Недостигот на работници кои копаат гробови и носат и спуштаат ковчези е проблем и во другите земји, пишува новинарот на „Вечерњи лист“, Ивица Бети.