More

    За првпат во историјата одобрен е посебен кондом за анален секс кој пука само во 0,68 отсто од случаите

    spot_img

    За првпат во историјата одобрен е посебен кондом за анален секс кој пука само во 0,68 отсто од случаите, што ќе рече, во помалку од една во сто ситуации. Американската агенција за храна и лекови(ФДА) овласти компанија да почне со производство. ФДА ги охрабрува и другите фирми за кондоми низ светот да ги достават своите „патенти“, под услов да имаат слична ефикасност, пишува ИФЛ Наука.

     

     

    Тоа што го прави аналниот секс поризичен во однос на вагиналниот и оралниот е поголемата изложеност на сексуално преносливи болести. За да го тестираат кондомот, научниците испитале 252 мажи кои имале секс со жени и исто толку мажи кои имале секс со жени. Ефикасноста кај аналниот секс меѓу маж и жена, сепак, била малку помала и изнесува 1,89 отсто, или пукање на гумата во скоро 2 од сто случаи.

    – Овластувањето кое ФДА го даде за кондомот за анален однос може да ја зачести веројатноста дека во иднина луѓето повеќе ќе употребуваат кондоми за време на аналниот однос – рече докторката Кортни Лиас, директорка на Канцеларијата за гастроренална општа болница на ФДА.

    Новоодобрениот „One Male Condom“ е достапен во стандардни, тенки и во таканаречени „фит“ верзии. „Фит“ е посебна серија која ја има во 54 различни големини, а носителите ќе можат да употребат шаблон од хартија за да си споредат и да ја изберат најдобрата големина. Кондомите се наменети за употреба со лубрикант.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img