More

    За прв пат од јуни, виден генерал Армагедон, осомничен за учество во бунтот Вагнер

    spot_img

    На интернет се појави фотографија од рускиот генерал Сергеј Суровкин. Тој не е виден во јавноста од јунскиот бунт на групата Вагнер.

    Се вели дека генералот Сергеј Суровикин, кој командувал со руските војници во борбите во Украина, е близок со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Вториот загина во авионска несреќа минатиот месец. Според некои информации, Суровикин е под истрага од руските власти за можна вмешаност во бунтот на групата Вагнер и маршот кон Москва.

    Од бунтот на групата Вагнер, Суровкин не е виден во јавноста, но во понеделникот негова фотографија беше објавена на мрежата Телеграм. На фотографијата се гледа маж со очила за сонце во придружба на црвенокоса жена. Тоа некои потсетува на сопругата на Суровкин, Ана. „Генералот Сергеј Суровикин е надвор. Жив, здрав, дома со семејството, во Москва. Фотографијата е направена денес“, напишала покрај фотографијата Ксенија Собчак, позната личност од руските медиуми, пренесе Би-би-си.

    „Генералот Суровикин е дома со семејството. Тој е на одмор и на располагање на Министерството за одбрана“, напиша рускиот новинар Алексеј Венедиктов во посебна објава на Телеграм.

    Автентичноста на фотографијата се уште не е потврдена, јавува Би-Би-Си.

    Последен пат беше виден во јуни за време на бунтот
    Генералот Суровикин последен пат беше виден во јавноста за време на јунското востание, кога ги повика силите на Вагнер да го прекинат својот поход и споменатиот марш кон Москва.

    После тоа, медиумите објавија дека Суровкин бил уапсен под сомнение за вмешаност во бунтот на Вагнер, но подоцна немаше официјална потврда.

    Суровкин беше поставен на чело на руските сили во Украина во октомври, но три месеци подоцна тој веќе беше сменет. За време на руските операции во Сирија, тој го доби прекарот „Генерал Армагедон“ поради неговата сурова бруталност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img