„Сепак, да не заборавиме дека зборуваме за непријателска земја која директно и индиректно е вклучена во војна против нашата држава“.
Вака изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали рускиот лидер Владимир Путин ќе му честита на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата победа на американските избори.
– Реакцијата на претседателот (Путин), добро, не можам да кажам ништо. Ги земаме предвид податоците што доаѓаат од Вашингтон – одговори Песков.
Западните медиуми пишуваат за можните бранувања во Кремљ по победата на Трамп. Старо-новиот претседател на САД во повеќе наврати најави дека ќе ја заврши војната во Украина, а некои аналитичари сметаат дека американските средства за оружје за Киев ќе бидат значително намалени.