More

    За пеколните жештини сами сме виновни

    spot_img

    Временските услови се значително различни сега отколку пред десет години. Дури и во толку краток временски период во однос на кој се споредуваат карактеристиките на сегашната клима, нејзината варијабилност доаѓа до израз и во врска со тоа и екстремните временски и климатски настани. Просечниот број на тропски денови по сезона во последните 20 години е значително зголемен во однос на претходниот период, предупредуваат еколозите.

    Климатските промени предизвикани од човечки фактор се една од главните причини што влијаат на временските промени со кои се соочува светот. Жештините што зафатија делови од Северна Америка и Европа овој месец ќе беа „практично невозможни“ без климатските промени предизвикани од човекот, се наведува во најновата анализа на  научниците од групата „Ворлд ведр атрибушн“ (World Weather Attribution).

    Според нив високите температури предизвикуваат здравствени проблеми и придонесуваат за појава на големи шумски пожари. Десетици милиони луѓе се погодени од жешкото време на северната хемисфера, а јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец на глобално ниво од почетокот на евиденцијата. Експертите предупредуваат дека ќе биде уште полошо доколку не се намалат емисиите на штетните гасови.

    Силни топлотни бранови овој месец ја зафатија јужна Европа, делови од САД, Мексико и Кина, со температури над 45 степени Целзиусови.

    Во анализата се истакнува дека научниците открија дека топлотните бранови во делови од Европа и Северна Америка би биле речиси невозможни без климатските промени. Тие тврдат дека глобалното затоплување влијаело речиси 50 пати врз температурите во Кина.

    Науката веќе потврди дека климатските промени, со околу 1,2 степени Целзиусови глобално затоплување во доцниот 19 век ги направија топлотните бранови генерално пожешки, подолги и почести.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img