Руската државна телевизија скрати на реклами и емитуваше програма за кавијарот додека во саботата траеше краткиот пуч на Евгениј Пригожин, водачот на платеничката војска „Вагнер“ . На гледачите им беа дадени изјави дека ситуацијата е мирна и покрај репортажите за кризата, пишува британски Телеграф.
Плусинфо веќе пишуваше дека веднаш по пучот „Россија 1“ во неделата емитуваше тв-прилог со стара снимка од Владимир Путин кој наместо за пучот зборува за економијата. Вчера, во понеделникот, претседателот се обрати на еден младински индустриски форум и не кажа ниту збор за последните случувања во државата.
За време на пучот, кога се појави снимката од Ростов и информацијата дека „Вагнер“ го презеле милионскиот град, државната телевизија објави дека граѓаните не се задоволни од присуството на Пригожин. Во реалноста, ростовчани се сликаа со Пригожин и го дочекаа како рок-ѕвезда.
Кога се емитуваше изјавата на Пригожин дека „Вагнер“ биле нападнати од руската војска водителот на телевизија ја осуди изјавата како лажна, а и го доведе во прашање времето во кое се случил нападот.
Симптоматично е и тоа што целата репортажа беше ставен во информативниот билтен на вестите. Според Френсис Скар, репортер на Би-Би-Си, биле повторени само изјавите на Кремљ и на Министерството за одбрана.
Но, тој додаде дека водителката од висок профил Екатерина Андреева била повикана во студиото среде ноќ, што е индикација за екстремната природа на ситуацијата.
– Иако водителката Екатерина Андреева не кажа ништо ново токму сега, самиот факт што ѝ беше кажано да се врати на работа речиси во 2 часот по полноќ по московско време, покажува дека тие сериозно ги сфаќаат вечерашните настани.
Потоа, руската државна телевизија се обидела да го минимизира влијанието на бунтот со емитување на целосно неповрзани програми.
Според Скар, рускиот државен актуелен информативен канал „Россија 24“ не ги игнорирал целосно настаните, а „фактот што тие моментално емитуваат документарен филм за Силвио Берлускони ви кажува многу“.
Берлускони, поранешниот италијански премиер, почина претходно овој месец. Во тоа време, Путин го нарече „вистински пријател“ и изрази „голема тага“ за неговата смрт.
За време на бунтот, каналот Росија 1 во еден момент покажа маж и жена како свират хармоника.
Руските гледачи исто така беа почестени со астролог и реклами за систем на пневматски цевки.
На една информативна програма, презентер читаше пораки од неговиот канал на социјалната мрежа Телеграм.
Во еден момент државната телевизија емитуваше музичка програма на која беше прикажан бенд како свири труби и саксофони и клавијатури.
На гледачите им беше дадена и програма за нелегално произведен кавијар.
Но, не било подобро ни пред 32 години кога се случувал пуч против Горбачов. Тогаш, на 19 август 1991 година, наместо вести за обид за државен удар, Русите се разбудија пред советската државна телевизија која го емитуваше балетот „Лебедово езеро“ на Чајковски.
„Лебедово езеро“ се емитувало и кога се избирал нов водач за наследник на Леонид Брежњев.