За квалитетните кадри на вицепремиерот Стоиљковиќ место и во третиот ешалон на власта

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Партијата на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ добива уште една клучна позиција во третиот ешалон на власта. Дејан Кошутиќ е новиот директор на Македонски железници-транспорт. Кошутиќ е поранешен заменик министер за транспорт и врски, тој учествуваше во креирањето на законската регулатива за трансформација на железници. На позицијата доаѓа како добар познавач на состојбите во железницата, како и со познавање на клучните проблеми со кои се соочува претпријатието.
Доделувањето на раководна позиција на вака стратешка институција, доволно говори за кадрите кои може да ги понуди Стоиљковиќ. Неговите кадри имаат капацитет, односно потенцијал што ќе може успешно да одговори на предизвикот во водењето на институциите. Вицепремиерот нуди стручен кадар со конкретна, реална и остварлива цел која е во интерес на граѓаните, за нивен подобар животен стандард и просперитет на бизнис заедницата.
Кошутиќ има шанса да ја промени состојбата во Железница, со што ќе овозможи отворање на пазари за нови инвестиции, за нови соработки меѓу домашните но и со меѓународните компании, помалку трошоци за транспорт, што е многу важно за стопанството, но и за економски напредок на земјата.
Како политичар Иван Стоиљковиќ има интегритет и етика во своето делување, тој нема ниту обврски, ниту релации со поединци или институции што би му ги врзувале рацете до степен да биде професионален. Поинаку не може да делуваат ниту неговите кадри, освен да работет ефикасно, квалитетно и законски.

 

Share This Article