Кинескиот амбасадор во Украина потенцираше дека Кина никогаш нема да ја нападне Украина, туку напротив, ќе ѝ помогне.
– Кина никогаш нема да ја нападне Украина. Ќе помогнеме, особено економски… во оваа ситуација кога ќе се однесуваме одговорно – рече кинескиот амбасадор во Украина, Фан Сианронг.
Тоа, како што пренесува Си-Ен-Ен, му го кажал на неговиот домаќин Максим Козицки, висок воен функционер од Лавов.
– Кина е пријателска земја на украинскиот народ. Како амбасадор, можам да кажам дека секогаш ќе бидеме сила за доброто на Украина, и економски и политички – додал амбасадорот.