За егзотичен дочек на Нова година ќе се плати и до 1.500 евра

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од егзотични повеќедневни патувања на Малдиви, Бали, Мароко, Тајланд, Куба, Мексико кои чинат неколку илјади евра до организирано патување во Солун за само 50 евра. Туристичките агенции имаат понуда за новогодишни патувања за сечиј џеб. Цените се повисоки за 30% споредено со лани.

Граѓаните веќе пројавуваат интерес и некои веќе резервираат патување. Дел од нив, пак, нема да патуваат и ќе слават во домашни ресторани или дома.

– Вториот дел од одморот планирам да го спојам со Нова година и да отпатувам некаде подалеку или во некој ски центар во Европа. Цените годинава се повисоки, но кога планирате одмор мора да сметате и на тоа. Се информирам за можностите бидејќи подолгите патувања обично се поврзани со бројот на туристи, односно со групи, па гледам каде се формирале групи за да можам побрзо да се одлучам. Гледам годинава ги има за Куба, Мароко, каде што не сум патувала па можеби ќе се определам за една од овие дестинации. Секако доколку се одлучам за зимување ќе изберам некој од европските центри – вели Александра од Скопје.

Зависно од тоа дали се спојува подолг одмор со дочекот на Новата година или се сака само да се види атмосферата во градовите надвор од земјава и цените на овие патувања се различни. Така дочек во Истанбул и во Будимпешта може да се резервира за 199 евра, но и четиридневни и петдневни патувања за Париз, Истанбул, Анталија, Рим за кои треба да се издвојат од 139 до 800 евра. Патување во Мароко за 8 дена чини 1.495 евра, а раната резервација 1.395 евра по човек, за Куала Лумпур патување од 12 дена чини 1.049 евра по човек. За дел од патувањата дочекот се наплаќа дополнително што го поскапува патувањето и до 120 евра по човек, но во престолнините на земјите каде што најчесто се патува, дочекот на Новата година се организира на отворено, на плоштадите па овој трошок го нема во цената.

– Нема веќе традиционален дочек на Новата година како кај нас во хотели. Во речиси сите градови се организираат на плоштадите на отворено. А ние во програмите организираме посета на ресторани со музика следниот ден, само за да ги задоволиме барањата на нашите клиенти – вели Бошко Нацевски од ТА „Арботравел“.

Тој додава дека за разлика од лани годинава сите патувања, па и овие за нова година се со повисока цена.

– Сите се поскапи за 30% што е висок раст кој се базира на повисоките трошоци. Дел од туристичките градови ја зголемија и туристичката такса која достигнува и до 1,8 евра на ден. Поскапи се и влезниците во музеите и другите значајни објекти кои се посетуваат. Тоа ги прави патувањата скапи за стандардот на најголемиот дел од нашите сограѓани. Ние се одлучивме и за поблиски еднодневни тури само за дочек а Нова година кој ќе чини 50 евра на пример за Солун. Но имаме новогодишни патувања за Рим на пример кои се движат од 450 до 800 евра зависно од хотелското сместување и посетите на знаменитостите. Дводневни аранжмани имаме и за Атина, Будва и за други градови – информира Нацевски.

Од агенцијата „Савана“ исто така велат дека граѓаните сега само се информираат за понудата.

– Годинава имаме понуда за Нова година за Париз, Рим, Букурешт, Белград, Атина Истанбул. Цените се повисоки од лани, но зависат од бројот на ноќевања и се движат од 155 евра во Букурешт за два ноќи до 565 евра, четири ноќи во Париз и Рим. Има интерес, се јавуваат граѓаните, прашуваат, но каква ќе биде реализацијата ќе знаеме пред Нова година – велат од агенцијата.

- Advertisement -
Ad image

Дел од граѓаните Нова година сакаат да ја спојат со зимскиот одмор и да престојуваат на планина, но зимските ски-центри сè уште ги немаат објавено цените.

– Овие аранжмани се далеку поскапи од патувањата за Нова година во градовите. Поблиските зимски центри уште не ги објавија цените. Копаоник калкулира со цените, бугарските центри исто така. Но очекувам зимските центри да бидат поскапи од минатата година, а со оглед на влошените македонско-бугарски односи тешко дека можеме да се надеваме дека голем број наши државјани ќе зимуваат во Бугарија бидејќи летото не помина добро – вели Нацевски.

Според она што веќе е објавено од бугарските зимски центри, само еден ден зависно од хотелот може да чини од 195 евра па нагоре со доплата за дочекот од 125 евра во некои од хотелите на Боровец. Апартманите во овој ски центар се далеку поскапи. Нивната цена оди од 310 па нагоре.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article