More

    За една недела за 39,5 отсто е намален бројот на новозарзени

    spot_img

    За 39,5 отсто е намален бројот на новозаразени со ковид-19 во текот на изминатата недела. Регистрирани сe 3.702 нови позитивни случаи од 34 градови во државата. Просечно 18,6 отсто од тестираните се позитивни. Бројот на починати е намален за 45,6 отсто, информира Министерството за здравство повикувајќи се на неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 21 до 27 февруари.

    Според извештајот во овој период се тестирани вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9 отсто во однос на минатата недела.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје 1.975, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 394,1/100.000, Скопје – 311,4/100.000 и Гевгелија – 285,3/100.000.

    Процентот на позитивност се движи од 13,1 до 24,2 отсто, просечно 18,6 отсто.

    Според извештајот регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (25,7 отсто). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (5,2 отсто).

    Во однос на претходната недела, се забележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 43,6 отсто во возрасната група од 10-19 години и 43,5 отсто кај лицата на возраст од 50-59 години.

    Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 6.094 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

    Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции,од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2 отсто во однос на претходната недела.

    Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови во текот на изминатата недела, за 45,6 отсто помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (27). Во однос на возраста, најголем број ( 92,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (2) и 40-49 години (3).

    Заклучно со 28.02.2022, вакцинирани се вкупно 870.405 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 849.727 лица, а со трета доза се вакцинирани 142.201 лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img